Биг бендот на музичката академија од Љубљана одржа концерт во Кавадарци

За првпат кавадаречката публика имаше можност да ужива во прекрасната изведба на “Биг Бенд“ бендот кој е составен од клавир, тапани, бас-гитара, конги, електрична гитара и од по пет труби, саксофони и тромбони.Настанот се случи синоќа (вторник) во домот на културата “Иван Мазов-Климе” во Кавадарци а бендот кој на кавадарчани им презентираше една нова култура, еден нов светоглед е основан во рамки на музичката академија во Љубљана, Р. Словенија, на кој е запишана и нашата кавадарчанка Панделина Атанасова.

Атанасова исто така е дел од овој бенд. Панделина е млада и талентирана пијанистка која има учествувано на многу домашни и меѓународни концерти на кои има освоено високи и престижни награди.
“Биг Бенд“ бендот имаше неколку изведби од познати музички имиња од светот на музиката. Кавадарчани имаа можност да слушнат дел од џез и латино-музиката, блузот и сфингот.

Пред самиот почеток на концертот имаше изразено голема благодарност од страна на професорот од Љубљанската музичка академија, Јака Пуцихар, за гостопримството и големата заинтересираност на кавадарчани за музиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.