Без врска (афоризми)

Минатотот е свршен чин. Да живее.

Темата беше актуелна. Нешто од историја.

Правниот лек им донесе болест.

Попречени сме во развојот. Благо.

Политичарите се слуги на граѓаните. Им донесоа господари.

Им ја скратија минутата. Слава им.

Пред граѓаните зборуваше без врска. Ги воодушеви.

Казните треба да се преполоват. За 70 %.

Република Македонија е се што имал. Не му ја прифатиле како хипотека за кредит.

Република Македонија е заедничко добро. Не знаеме на колку.

Сегашните средношколци се покултурни од оние во 1997 год. Не запалија ниту еден дневен весник

Во партијата важи за близок на лидерот. Му вари кафе.

Многу сме прецизни. Од памтивека.

Беше добар. Домашните лошо го воспитале.

Многу ѓубре остана за 1-ви мај. Имаше продолжен викенд.

Титовите марами беа чисти и пеглани. Сегашните се се никакви.

Многу ја сака Македонија. Такво му е пијанството.

Гледал иднина тука. Многу го боли за Македонија.

Во борбата за поубаво ќе победат младите. Ќе добијат нова гарнитура.

Не бидете деца. Им подвикнаа од подмладокот.

Повлекоа демократски потег. Им понудија да гласаат само за еден кандидат.

Во социјализмот беше успешен. Претпријатието го сакаше како свое.

Долго време се горе.Од делегатите побараа резервоар за кислород.

Партијата треба да се подмлади.Со стари лица.

Помина денот на трудот. Продолжуваат деновите на капиталот.

И оние на крајот беа во првите редови.

СДСМ не ги повикува Бугарите на митингот за 17 мај.Тие се во другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.