Работилница во Кавадарци, “Без попис нема развој на државата”

Работилницата е дел од проектот на НВО Инфоцентар, кој го спроведува во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Центарот за развој на медиуми и Здружението за граѓанско општество 8-ми Септември.

Воведно обраќање на работилницата имаа Владимир Вангелов и Лидија Димова. Вангелов раскажа за целите на проектот, додека Димова објасни дека главната цел на пописот е развојот на државата, а не етиничаката компонента од каде што произлегува манипулацијата со избирачкиот список.

Разговарано е за потребата од реален попис врз основа на кој би се креирале политики за развој на државата. Економските, социјалните, образовните, здравстевените, земјодeлските и инфраструктурните политики за да дадат вистински резултати мора да се базираат на точни информации и бројки. Бројките од пописот во 2002 година веќе не се релевантни и неможат да бидат база за развојни политики во различни области. Според светските стандаради, пописот на населението се одржува на секои десет години.

Договорено е невладината организација Проект –ЕУ да биде дел од неформалната коалиција на граѓански организации со чија цел е да се зголеми притисокот за одржување на регуларен попис на населението на Р.Македонија. Договорено е да се направи и обид за промена на фокусот на доминанатниот наратив во јавноста  од етничките кон посуштествените аспекти на пописот (политички, социјални, економски, образовни, здравствени…)

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.