„БЕТМЕН“ ќе го предизвика Кличко!

Тајсон Фјури се конфронтираше со Владимир Кличко на промоцијата на мечот за следниот месец носејќи костум на Бетмен, предупредувајќи дека ќе го нокаутира Украинецот.

Британецот, кој ќе боксува со Кличко во Дизелдорф на 24 октомври за ВБА, ВБО и ИБФ титулите на Украинецот, влезе во просторијата со својот костум, истрча почесен круг, се бореше со човек облечен како Џокер, по што се пресоблече.
„Никогаш не си се борел со Кралот на ромите. Никогаш не си боксувал со крал. Гледаш во еден. Ти не си ништо. Ти си старец. Ќе бидеш нокаутиран. Едвај чекам“, изјави 27-годишниот Фјури (24-0).
39-годишниот Кличко, кој постојано го нарекуваше Фјури „кловн“ кога се обидуваше да се конфронтира му понуди „терапија, бидејќи јас сум твојот доктор“.
„Ќе те натерам да ги изедеш своите зборови“, додаде Кличко.

 

МакедонскиСпорт

Leave a Reply

Your email address will not be published.