Бетиане Китев ќе победи на 29-ти!

пишува Звонко Каров

Македонија ќе добие повеќе ако остане Никола, а падне Александар.

Само Џес Бејли ги погоди резултатите во Македонија.

Скопје повеќе не е вмровски град. А Скопје 2014?

Што ни фали што бегавме од часови, вели еден кандидат.

Уште еднаш победи народот. Кој, оној што е во право и кога греши?

Македонијо, треба да бидеш песна што ќе трае.

Само од нас зависи дали Република Македонија ќе биде од времен или од траен карактер.

Не сум Илинденец, ниту АСНОМ-ец,  јас сум борец за Нова Македонија.

Република Македонија после раздружувањето од СФРЈ остана во истите граници, само луѓето се ограничија повеќе.

Кандидати, во изборната кампања заборавете на зборовите, инкорпорира и имплементира!

Ќе победиме во вториот круг, ако на селаните им кажеме дека и селските права се граѓански.

Влатко Стефановски ја прими наградата 11-ти Октомври од рацете на академик Митко Маџунков. Браво за двајцата! По едно пакетче кафе ,се разбира.Тоа е тоа!

Политичари, не бидете секогаш во служба на граѓаните,тие знаат да бидат лоши газди.

Слушав народна музика, беше забавна.

Толку ме иритира што почна да ме нервира.

Ако сакате пари одите во месари, што мајка барате во политика!

Немтур е, ниту на Заев се смее, ниту на Груевски плаче.

Нам ни треба, џиновска’ држава, а не џиновска пастрмајлија, сармички и грав за Гинисов рекорд.

Другар Заев, не се колнам во тебе, може да скренам.

Во султан партија ќе гувееш.

Ако сакал да учи, ќе учел.

Кога е сериозен, најсмешен е!

Ако делите, ќе сакаат да се собираат околу вас.

Адутот што го чуваме во ракавот, може да не стави во малиот џеб.

Маките на интелектуалците најмалку ги познаваме, не потекнуваме од такви семејства.

Има политичарки кои постојано мислат на своето (избирачко) тело.

Кога гледам телевизија ми паѓа мрак на очи.

И телевизиите емитуваат прашина.

Државата може да се сака и со помалку зборови.

Уметниците се делат на слободни и на плата.

Ако не можете да им ја ветите Тејлор Свифт,однесете им го Гуливер по школите.

Македонија ќе порасне, ако сака да си остане во постојните граници.