Бетиан Китев: “На дебата на Алфа Тв не сум поканет!”

Бетиан Китев ја демантира телевизија Алфа дека бил поканет на дебата со Митко Јанчев

Во текот на вчерашниот ден на телевизија Алфа гостин во студио беше кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев. Како што нагласи водителот на оваа дебата биле поканети сите кандидати за градоначалници од Кавадарци за претстојните локални избори вклучувајќи го и Бетиан Китев.

На фејсбук страната на Јанчев стои објаснување во кое се вели дека Бетиан Китев бил културно поканет на тв дуел со Митко Јанчев но за жал, ниту го потврдил присуството ниту пак се појавил.

Бетиан Китев: "На дебата на Алфа Тв не сум поканет!"

Во интерес на јавноста и вистината се огласи Китев, кандидат за градоначалник за општина Кавадарци од редовите на СДСМ. Тој на социјалните мрежи ја демантира оваа лага пласирана од телевизија Алфа.

За да нема недоразбирања. На Тв дебата на Алфа Тв не сум поканет. Јас повикав на дебата а не на глумење дебата во која ќе се каже дека јас не сум бил присутен. Веројатно заради финансиските проблеми Тв Алфа го губи објективниот новинарски пристап. Инаку секогаш кога има дебата и покана до гости треба празни столчиња за тие што биле поканети а не пристуствуваат. Тоа се тие правила кои се прифатени во новинарството, изјави Китев.

Водителот на оваа таканаречена дебата на Алфа тв беше легендарниот Лазар Темелков кој на минатиот циклус на локални избори 2013 мртов пијан ја водеше изборната програма. Македонската јавност му се изнасмеа а Лазар кој беше привремено отстранет од тв екраните сега повторно е пред граѓаните и води предизборна програма. Видеото од дрво пијаниот може да го видете подоле а Јанчев како кандидат дефинитвно губи од својот кредибилитет и рејтинг кога гостува кај домаќини од ваков тип. Пи-ар стратегот на Јанчев дефинитивно потфрли овојпат.