Бесмртни животни меѓу нас

Школка
Изразот школка често се корсти како сеопфатна именка за цела класа на организми која го носи латинското име Bivlavia, организми кои припаѓаат на групата безрбетници. Според одредени податоци, денес може да се најдат школки кои се стари неколку векови. Засега постои само еден примерок за кој е потврдено дека е стар 507 години, кој ѝ припаѓа на групата Arctica Islandica. Долговечноста на овие организми се објаснува со реакции во организмот и самиот процес на стареење кој е на ќелијско ниво. Ако на момент се заборават овие исклучоци, школките живеат 15 до 20 години. Некои видови претставуваат посебен деликатес што ги чини уште повеќе загрозени а нивната долговечност ретка појава.

Желка
Должината на животниот век на желките е сè уште под одредени шпекулации. За видовите елки кои може да се чуваат како домашни миленици, се проценува дека може да живеат и до 80 години. Во дивината, овие влекачи може да достигнат старост меѓу 100 и 150 години. Можно е да се најдат и неколку документирани примери за долговечни желки, но сите примероци живееле меѓу 100 и 200 години.

Медуза
Ова е можеби единствен организам кој условно може да се нарече скоро потполно бесмртен. Процесот на регенерација или само обновување на ниво на ќелија, е само еден од начините да се обезбеди продолжување на видот. Инаку, основен начин на репродукција и понатаму е преку размена на генетички материјал меѓу различни полови од ист вид.

Јастог
Нивниот живот е многу напорен, долг, осетлив и повеќестепен претрпувајќи промена на надворешниот оклоп многу пати. Секоја нова промена на оклопот го изложува јастогот на многу опасности. Во првите година дена јастозите може да извршат промена на оклопот и до 44 пати, но овој број значајно се намалува со текот на годините.

Тадиграда
Ова е едно интересно животно кое може да преживее многу екстремни услови на живот. На пример, одредени видови можат да преживеат температури ниски и до -272 степени целзиусови за време од неколку видови што е температура блиска до апсолутна нула (поладна средина и од онаа во вселената). Други видови пак можат да преживеат температури високи и до 125 степени целзиусови, што е нешто повеќе од точката на вриење на водата.

Сплескан црв
Овој организам е во состоба да го обнови секој дел од својот организам, вклучувајќи го и мозокот кој иако звучи неверојатно, тие сепак го поседуваат. Бидејќи нема никакви спротивни докази, овие организми може навистина во буквална смисла на зборот да живеат бесконечно, освен ако некој не ги изеде или ако се разболат. Не зборуваме само за еден вид, бидејќи ги има насекаде во светот и тоа во најразлични верзии. Во последно време овие се омилени експериментални животни на научниците кои се занимаваат со феноменот на регенерирање. Од сите споменати животни погоре, овие црви имаат најголем потенцијал да ни го покажат патот кон бесконечноста.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.