Балотели нема да биде дел од полуфиналниот меч со Шпанија

Сериозен удар за италијанската репрезентација, медицинскиот тим на Азурите потврди дека Балотели нема да биде во комбинација за полуфиналето.

22-годишниот напаѓач заработи удар на натпреварот против Бразил поради кој нема да може да и помогне на својата селекција на следниот дуел.
Чезаре Прандели ќе ја следи ситуацијата на Балотели и би можел да го има напаѓачот за последниот натпревар од Купот на Конфедерациите, финалето или полуфиналето кое се игра на 30. јуни.
На листата на повредени фудбалери во репрезентацијата на Италија се и Абате и Монтоливо кои пред време го напуштија натпреварот против Бразил.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.