Балканската едриличарска елита од 4 до 7 септември на Охридското Езеро

Генералниот секретар на Едриличарската федерација на Македонија Иван Андреески на денешната прес-конференција појасни дека целиот настан ќе се одржува на две регатни полиња на Охридското Езеро, со дијаметар од 1,2 наутички милји.
Натпреварувачите и екипажите ќе се натпреваруваат во вкупно седум класи и тоа „Оптимист“, „Ласер стандард“, „Ласер 4,7“, „Ласер радијал“, „470“, „Фин“ и даски за едрење.
Македонската репрезентација на Балканијадата во Охрид ќе ја сочинуваат 24 натпреварувачи и екипажи, од кои 14 се најмладите во класата „Оптимист“, четворица во класата „Ласер 4,7“, двајца учесници во „Ласер стандард“ и две екипи во класата „двосед 470“, по една во машка и една во женска кон конкуренција.
– Македонската репрезентација бележи добри резултати на отворените првенства. Се надеваме дека и годинава резултатите нема да изостанат, изјави селекторот на македонската репрезентација Драган Ќелешоски.
За регуларноста на вкупно предвидените 12 трки во рамки на првенството ќе се грижат осум меѓународни судии од Романија, Турција, Бугарија и Србија.
– Самите трки траат приближно од 45 до 50 минути, со максимално времетраење од 75 минути. Предвидено е одржување на три натпреварувања дневно, а стартот на трките ќе биде одреден зависно временските услови, појасни Пинар Ѓенч, главен судија на Балканското првенство.
На отворениот балкански шампионат нема да има учесници од Република Грција кои иако поканети не испратија свои едриличари во Охрид.


 

Leave a Reply

Your email address will not be published.