Автомобилот на Apple доаѓа во 2020-та година

Bloomberg открива дека компанијата од Купертино веќе започнала со работа на својот прв електричен автомобил, кој би бил откриен кон почетокот на 2020-та година. Apple Car (или можеби iCar) ќе се соочи со сериозен ривал во Tesla Model III, кој чини 35,000 долари и има одличен мотор што може да помине стотици километри со само едно полнење. Овој модел би бил презентиран во 2017-та година.
Apple го поседува буџетот за да изработи еден квалитетен електричен автомобил. Компанијата има 178 милијарди долари „во својот џеб“, од кои само 18 милијарди заработи како профит во текот на последните три месеци. Се очекува Apple да купи веќе постоечки компании со искуство на ова поле, а понатаму и цели фабрики што би ја чинеле компанијата милијарди долари.
Сите овие шпекулации мора да ги земете со доза на сомнеж, бидејќи официјално засега Apple работи само на оперативен систем за одредени брендови на автомобили. Веројатно ќе дознаеме повеќе информации во текот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.