(Аудио) “Кожувчанка” во скутот на ДПМНЕ???

Дел од кавадаречкиот бизнис сектор во директен клинч со локалните кавадаречки власти. Од бомбата која е објавена и разговорот помеѓу министерот Јанакиевски и кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, опозицијата обвинува дека компанијата “Кожувчанка” и нејзиниот сопственик Митко, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, на денот на изборите заедно “шпартаат” од човек на човек и ги тераат вработените да излегуваат на гласање. Слушнете од разговорот и малку подумајте се.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Александар Панов

МЈ: Алоо друже
АП: Повели министере
МЈ: Како е?
АП: Добро е одлично еве, се шпартаме малце Кожувчанка, со Митко
МЈ: И како е?
АП: Ами, над 40% имаме излезеност.
МЈ: Митко ги изваде ли неговите?
АП: Да, да да седиме сега тука од човек на човек одиме
МЈ: А тој маркетот?
АП: Да, да и тија некња беше на состанокот со бизнис секторот , шо ти пишав да дојдиш , и он дојди и кажа, немате гајле не се секирајте
МЈ: Александар, многу излезеност бе брат?
АП: Ами толку, сеа ќе видиш дека ќе спласне негде кај 1 саат, виќе луѓето нема да испаѓат, и после и од 5 до 7, од 5 до 7 ќе има излезеност
МЈ: Ајде вардете таму

{facebookpopup}

Leave a Reply

Your email address will not be published.