(АУДИО) Кавадаречки срам, Весна Пемова гласала “ЗА” амнестија на хашките случаи

Денеска граѓаните на Република Македонија имаа прилика да слушнат и видат каков политички измамник и манипулатор е Груевски. Од снимките што ги објави опозицијата на денешната прес конфернција се уверивме дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересирале “македонските национални интереси“ во коишто тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту го интересираат неговите соработници – од министри, до пратеници.

 

Слушнавме како без око да му трепне ги фрла во оган најблиските негови соработници во Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот – во коалициските пазари во коишто неговата единствена цел е да ја обезбеди својата премиерска фотеља.

Станува збор за периодот на зацврстувањето на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ и за пазарот со хашките случаи во тие договарања. Од листата која ви ја презентираме во прилог може да го видите и името на кавадречкиот народен пратеник од редовите на патриотското ВМРО-ДПМНЕ како дава зелено светло и поддршка на овој закон да помине во собрание и на тој начин да се пролонгира владеењето на овој тоталитарен и диктаторски режим за ден повеќе.

haski2

Leave a Reply

Your email address will not be published.