Атмосферата во парламентот се вжештува

Со вакви зборови пратеникот Орхан Ибрими им се обрати на министрите од редовите на ДУИ на собраниската седница посветена на пратеничките прашања. Тој ги нарече неспособни, корумпирани, кукли и вазали.

Реагираше пратеникот Неџати Јакупи. Рече дека во отсуство на опозициските партии од македонскиот блок, ДПА наместо со конструктивност, се наметнува со некултура и агресивност и им порача на пратениците од таа партија дека се срамно се однесуваат.

 Му реплицираше Беким Фазлиу при тоа, обракајќи му се како на поранешен министер, му рече дека украл „стотици илјади евра“ и на крајот, го нарече „крадец“.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.