Асфалтот од новиот кружен тек во Кавадарци не траеше ни 2 недели

Кај нас, кружниот тек во Кавадарци е како “крпени панталони“. Само што го ставија новиот асфалт – испука. Па сега прашуваме кои се тоа фирми во Кавадарци кои го избработуваат и прават асфалтот? Дали се тоа референтни фирми, дали си ја знаат работата? Затоа што сликите ни покажуваат нешто сосема друго.

 

Асфалтот е испукан, а каков е тој “мајстор“ кој после неколку дена ставање на асфалт, истиот испукува, напукнува…
Ако после неколку дена се случува оштетување, не треба да сте стручњак за да сфатите дека е применета лоша технологија, направени се лоши материјали и непрофесионална и неквалитетна работна рака.

Од фотографиите јасно се гледа дека покривката од асфалт не е поголема од 4-5 сантиметри. На ваков начин и со ваков материјал не се асфалтираат ниту слепите улички во Кавадарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.