Асанж нема намера да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон

Тие го цитираат интервјуто на Австралиецот за мала група новинари, со кое тој денеска го одбележа навршувањето на една година откако побара азил во амбасадата на Еквадор.
Според Асанж, речиси е целосно сигурно дека во САД против него е подготвен обвинителен акт.
Тоа значи дека дури и ако Шведска ги повлече обвиненијата против него, тој овој или оној начин ќе биде уапсен веднаш штом ја премине вратата на амбасадата.

„Потоа ме чека екстрадиција во САД, се разбира, доколку британската влада не ми даде гаранции дека нема да бидам предаден на американските власти“, објаснува тој во интервјуто.
Заради кажаното јасно е дека Асанж во блиска иднина не размислува да ја напушта територијата на еквадорската амбасада.
На новинарското прашање дали неговата одлука да се сокрие во амбасадата не била грешка тој одговори: „Стратегиски тоа беше правилен чекор“.
Асанж ги демантира гласините дека неговото здравје е влошено, изјавувајќи дека работи по 17 часа дневно и редовно прави физички вежби.
Американската влада го сомничи Асанж за шпионажа. Освен тоа, тој е замешан и во истрагата за кривичниот предмет за објавувања на доверливи документи на Стејт департментот на сајтот Викиликс.
Најстрогата казна за ваквиот криминал е смртната казна, забележаа руските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.