Аршавин се врати во Зенит

Овој проверен голгетер во февруари 2009 година од Зенит се пресели во Арсенал за сума од 15 милиони фунти, рекордна за еден трансфер на „топчиите“. Сепак, Русинот не ги оправда очекувањата на Арсен Венгер, на 144 натпревари за лондонскиот клуб постигна 31 гол, што беше причина раководството на клубот да не му понуди нов договор. На адресата на Аршавин во меѓувреме пристигнаа многу понуди, со оглед на фактот дека е слободен играч и е достапен без никаква отштета, но искусниот напаѓач сепак се реши за враќање во Санкт Петербург.
„Пресреќен сум што повторно сум дел од Зенит. Повторно сум дел од градот во кој ги минав најубавите моменти во својот живот и не се сомневам дека тоа ќе се одрази позитивно и врз моите настапи на теренот. Моја цел е да се вратам и во рускиот национален тим, не знам колку овој трансфер ми помага во тоа или не, но ќе дадам се од себе за одново да го облечам дресот на репрезентацијата“ – изјави Аршавин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.