Арамиите прават пустош по домовите

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќеска, на улицата Првомајска во Свети Николе, во куќа сопственост на 51-годишниот И.Н., крадец влегол преку прозорецот и одзел 50.000 денари, 170 евра, два мобилни телефони, два фотоапарати, еден лап топ компјутер. Се проценува дека крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 80.000 денари

Со имотна корист од 200.000 денари во форма на златен накит, се стекнал крадецот кој ја ограбил куќата на постар граѓанин во текот на вчерашниот ден. Случајот во полиција синоќа го пријавила неговата 33-годишна ќерка.
Кражбите вчера се прошириле и во Куманово, каде во селото Лопате биле ограбени две домаќинства со вкупна штета од 760.000 денари.

Имот од пола милион денари бил одземен од куќа на иселеник во Австралија. 49-годишниот сопственик бил отсутен поради привремена работа, а вчера во градската полициска станица била пријавено дека во неговата куќа во селото Лопате исчезнала поголема количина накит во вредност од 500.000 денари. Сторителот влегол во куќата преку прозорецот.

Во истото село и во истата вечер настрадало домаќинството на 47-годишниот С.И. од каде била одземена поголема количина златен наик и пари во вредност од 6.000 денари, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 260.000 денари. Крадецот влегол во куќата исто така, откако успеал да го отвори прозорецот.

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.