Апел за помош за хемотерапија за 14 годишно дете

Калаџиеви од Радовиш за само неколку дена успеале да соберат 47.500 евра, пари потребни за операција на нивниот 14 годишен внук.

Продале се што имаат вредно, се позајмиле од блиски пријатели и роднини и ги уплатиле парите во офтамолошка клиника во Истамбул.

Во саботата нивниот внук Александар бил опериран му бил отстранет туморот од левото око и синусите.

Баба му и дедо му раскажуваа како од симптоми на инфинкција на око по неколку дена на една од приватните клиники му бил дијагностициран туморот.

Сега веќе в четврток ќе мора да уплатат нови 60 илјади евра со што би се отпочнала хемотерапијата.

Очајни дека не можат да соберат толку голема сума на пари упатија молба до сите хумани граѓани да помогнат малиот Алекандар да продолжи со безгрижните детски денови и својот омилен спорт фудбалот.

Дијагнозата на Александар е само една од вкупно 1200те регистрирани на светско ниво која е енормно прогресивна и бараат итен третман.

Сега единствената надеж за Александар е да се соберат пари за хемотерапија за негово поскорешно оздравување и враќање во Македонија.

Халк Банк

Николчо Калајџиев

270-7000375895-83

070 143108

Leave a Reply

Your email address will not be published.