Антиќ се приклучи на репрезентацијата

Подготовките за националниот состав се движат во најдобар можен ред. Здраствената состојба на репрезентацијата е во добро светло, освен глуждот на Дарко Соколов кој тренира со помал интензитет, како и Горѓи Чековски кој се жали на болки во препоните. Вчера попладнето, националниот состав го засили Перо Антиќ, а додека Лестер Бо Мекелеб најверојатно во периодот од 2-4 Август и тој ќе се приклучи на репрезентацијата.
Нашите до недела остануваат на подготовки во Крањска Гора, а потоа од понеделник се преселуваат во Хрватска каде што на 6 и 7 овојмесец ќе одиграат две контролни средби со репрезентацијата на Хрватска.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.