ЗНМ: Анкетната прво да го разгледа исфрлањето на новинарите од собраниската галерија

„Веруваме дека Анкетната комисија ќе го прифати овој предлог кој ќе овозможи брзо обновување на дијалогот на владата со ЗНМ, што е барање на Европската комисија. Со расветлување на инцидентот, Анкетната комисија ќе придонесе за отворена и инклузивна расправа за нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни услуги предложен од Министерството за информатичко општество и администрација“, се наведува во соопштението.
Според ЗНМ, со издвојувањето на инцидентот со новинарите од останатите случувања на 24 декемви, ќе се избегне опасноста ова прашање да се развлекува непотребно и ќе се исклучи можноста тој да се политизира.
Ако биде прифатен овој предлог, ЗНМ порача дека ќе ги повика новинарите активно да соработуваат и да сведочат пред Анкетната комисија.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.