Анџелина Џоли на врвот на Форбс листата на најплатени актерки

Анџелина Џоли ги претекна ривалките Кирстен Стјуард, Камерон Диаз и Сандра Булок за да стане најплатена актерка во Холивуд, според годишната листа на магазинот Форбс.

И покрај одсуството на големите екрани уште од анимираниот филм Кунг Фу Панда 2, кога го позајми гласот на еден од ликовите, Џоли направи проценети 33 милиони долари од кои најголемиот дел се благодарејќи на 10 милионскиот договор со модната куќа Луј Витон и 15 милиони долари за нејзината претстојна улога како злобната маќеа во филмот на Дизни, римејк на Заспаната Убавица, Злобна (Maleficent). Тоа е доволно за да скокне од четврто место во 2012 до првото место во изминатите 12 месеци, пред Џенифер Лоренс од Игри на Глад (Hunger Games), минатогодишниот број 1 Стјуарт и Џенифер Анистон на четвртата позиција.

Лоренс, свежа по добивањето на оскар за (Silver Lining Playbook), го завзема второто место со 26 милиони долари, највеќе благодарејќи на нејзината заработка од втората сезона на научно-фантастичната серија Игри на Глад (Hunger Games), како и за Икс-мен: Прва класа (X-Men: First Class). 22 милиони долари на Стјуард доаѓаат од нејзините улоги фо последниот филм за Зоната на Самракот (Twilight Zone: Breaking Dawn-2), и фантастичниот филм Снежана и Ловецот (Snow White and the Huntsman) минатата година. Анистон, во меѓувреме, заработи 20 милиони долари, најмногу од и се уште заработува од серијата Пријатели (Friends) и профитабилните учества во реклами, според Форбс.

Најзабележителниот новајлија на листата е Ема Стоун од Неверојатниот Спајдермен (The Amazing Spiderman), фактички сеприсутна на големите екрани во последните 2 години. Таа заработила 16 милиони долари, најголем дел од споменатиот стрип херој.
Во топ 10 се и други познати лица како Сандра Булок, Натали Портман, Камерон Диаз и Џулиа Робертс, како и Мила Кунис. Последната се најде на деветтото место со 11 милиони благодарејќи на заработката од комедијата Тед (Ted) и фантазијата Големиот и моќен Оз (Oz the Great and Powerful).

Продолженото присуство на Робертс во топ 10 ќе биде предмет на расправа во Холивуд. Оскаровката заработи 10 милиони долари и е на десетто место и покрај неуспехот на басната Огледалце Огледалце (Mirror Mirror) минатата година.

Уште еднаш актерките од Холивуд не успеаа да ги достигнат своите колеги од спротивниот пол по заработката. Само Џоли би успеала да се најде на комбинираната листа (на 10 место), заедно со Роберт Дауни Јуниор (75 мил.) и Чанинг Татум (60 мил.) чија заработка ја засенува нејзината од 33 милиони долари.

Листата на Форбс за најплатени актерки:

1. Анџелина Џоли (33 м.)

2. Џенифер Лоренс (26 м.)

3. Кирстен Стјуард (22 м.)

4. Џенифер Анистон (20 м.)

5. Ема Стоун (16 м.)

6. Шарлиз Терон (15 м.)

7. Сандра Булок (14 м.)

8. Натали Портман (14 м.)

9. Мила Кунис (11 м.)

10. Џулиа Робертс (10 м.)

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.