Анестезиологот пијан избегал од операционата сала по смртта на мајката и бебето???

Анестезиологот кој во операциона сала влезе пијан е причина за смртта на мојата сопруга. Вака ја започна својата приказна Мите Кадиев , кој во Институтот за судска медицина дојде да си ги земе телата на својата сопруга, 32 годишната Маја и на бебето кои починаа ноќеска, во текот на породувањето во гевгелиската болница, пренесува НОВАТВ.

Додека трае обдукцијата на двете тела, тој за НОВА со растреперен глас, низ плач раскажува за драмата која се случувала за време на породувањето на неговата сопруга, во два часот по полноќ кога се одвивала операцијата.

Тој вели дека неговата сопруга немала никакви компликации претходно, се до еден момент кога излегле лекарите и му рекле дека ќе ја прекинат операцијата. За смртта на својата сопруга го обвинува анестезиологот кој на операција дошол пијан. Анестезиологот во еден момент, за време на операцијата избегал од болницата, но полицијата го пронашла.

„Се беше добро кога во еден момент ми рекоа дека ќе ја прекинат операцијата. Прво излегоа и ми кажаа дека бебето починало, а дека сопругата е во критична состојба. На крајот излегоа и ми соопштија дека и сопругата починала. Рекоа дека не можел да стави тубус анестезиологот, па потоа дека не се отвориле белите дробови кога го извадиле тубусот. Што се случувало, што направил, дали дал повеќе анестезија или нешто е друго во прашање ќе покаже обдукцијата, а јас верувам во резултатот од оваа институција“, изјави за НОВА Мите Кадиев сопруг на починатата родилка.

Во гевгелиската болница уште ноќта дошла полиција, а некои медиуми известија дека земени се анализи од крвта на вработените.

„Директорот кој за цело време беше внатре во операционата сала излезе и не ми рече ништо. Во целиот очај и болка го прашав дали знае каква багра му работи во болницата, дека работите треба да се средат од горе, бидејќи рибата смрди од главата. Знам дека ова не е единствен случај на смрт на родилка, но мора да биде последниот“, вели Кадиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.