Анджеј Дуда, нов претседател на Полска

Според резултатите од избирачките места, Дуда доби поддршка од 53,47 проценти од граѓаните, и Коморовски 47 проценти.

“Овој пат не успеав. Ова е избор на слободниот демократски полски граѓанин”, рече Коморовски и му честиташе на Дуда на победата.

Коморовски во обраќањето пред своите симпатизери истакна дека го почитува изборот на граѓаните и му посака успех на Дуда како претседател. Одзивот на гласачите во вториот круг на изборите, според прелиминарните податоци е 56,1 проценти, што е повеќе отколку во првиот круг на 10 мај, кога беше 48,96 проценти, пренесува новинската агенција Итар-Тас.

Победата 43-годишниот Дуда е прва голема победа на изборите во изминатите речиси 10 години за опозициската партија која го номинираше. Во Полска, премиерот ја предводи владата, а претседателот е шеф на вооружените сили, има влијание во областа на надворешната политика, правосудството и одлучува кој ќе биде на чело на централната банка, наведува агенцијата Ројтерс.

Гласањето ќе биде индикатор и на она што може да се очекува од резултатите на општите избори кои се одржуваат оваа година.

Во првиот круг Дуда доби 34,76, а Коморовски 33,77 проценти од гласовите. Резултатот од првиот круг беше изненадување, бидејќи според тогашниот предизборните анкети, кандидатот на Граѓанската платформа и актуелниот шеф на државата Коморовски, важеше за убедлив фаворит на изборите, додека Дуда, член на Европскиот парламент и кандидат на Партијата Право и правда, најголемата опозициска партија, значително заостанува во однос на него.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.