Анархијата е можна (1)

Секаде околу нас се скриени приказни, растат во напуштените планински села, или ненаселените делови на градот. Се скаменуваат под нашите нозе во остатоците на општествата поинакви од се што познаваме, шепотејќи ни дека работите можат да изгледаат поинаку. Но, политичарот за кој знаеш дека те лаже, шефот кој те вработува и ти дава отказ, станодавецот кој те исфрла надвор, банкарот кој ја поседува твојата куќа, професорот кој те оценува, полицаецот кој минува низ твојата улица, новинарот кој ти дава информации, докторот кој те лечи, сопругот кој те тепа, мајката која те удира, војникот кој убива за тебе, и социјалниот работинк кој твоето минато и твојата иднина ја става во преградата од својот ормар, сите прашуваат “Што би правел ти без нас? Би било анархија.”

И ќерката која бега од дома, возачот на автобус кој штрајкува, ветеранот кој го отфрлил орденот но ја држи својата пушка, момчето кое пријателите го спасиле од самоубиство, готвачката која мора да ги слуша оние кои ниту е знаат да готват, имигрантката која ја поминува пустината за да стигне до семејството на другата страна, момчето на пат во затвор поради палење на трговскит центар кој го изградиле на местото кое бил сон на неговото детство, соседот кој собира шприцеви на напуштена земја, надевајќи се дека некој ќе ја претоври во градина, стоперот на отворениот автопат, студентот кој го напуштил факултетот и се откажал од кариерата и здравственото осигурување, а понекогаш дури и од храна за да може да пишува револуционерна поезија за светот, можеби сите ние можеме да го чувствуваме тоа: нашите пефови и мачители се плашат што би правле без нас, а нивната закана е ветување – најдоброто од животот е анархијата.

Анархијата не би можела да функционира

Анархизмот е најсмелиот од сите револуционерни општествени движења кои произлегле од борбата против капитализмот – тежнее кон свет слободен од сите облици на доминација и експлоатација. Во сржта е едноставната и уверливата претпоставка дека луѓето знаат сами да живеат и да ги организираат сопствените животи подобро од експертите. Другите цинично тврдат дека луѓето не знаат што е најдобар интерес за нив па треба власта да ги заштити, и дека некоја политичпка партија некако може да ги застапува интересите на сите членови на општеството. Анархистите пак сметаат дека донесувањето на одлуки не би смеело да биде во рацете на било каква власт, туку моќта треба да биде децентрализирана: односно, секоја личност би требала да биде центар на општеството и сите би требали да бидат во можност да создаваат мрежи и здруженија кои им се потребни за да ги задоволат заедничките потреби.

Образованието кое го добиваме во државните училишта не учи да се сомневаме во нашата способност на самоогранизација. Тоа, многумина, доведува до заклучок дека анархијата е непрактична и утописка: не би можела да функционира. Но, напротив, анархистичката пракса веќе има долго минато и често функционирала добро. Службените историски книги се селективни: го деградираат фактот дека сите компоненти на анархистичкото општество постоеле во различни периоди и дека голем број недржавни општества просперирале низ вековите. како анархистичкото општество би се спореди со државните и капиталистичките општества? Хиерархиските општества очигледно добро функционираат внатре во определена рамка. Особено се ефективни при покорување на своите соседи и прибирање на неизмерно богатство за своите владетели. Од друга страна, како се зголемуваат климатските промени, недостатокот на храна и вода, нестабилноста на пазарот и другите глобални кризи, хиерархиските модели не се покажуваат како особено одржливи. Примерите покажуваат дека анархистичкото општество може многу подобро да осигура задоволување на потребите и желбите на своите членови.

Голем број минати и сегашни приказни кои покажуваат како анархијата функционира, биле извртувани и прикривани поради револуционерните заклучоци кои би можеле да ги извлечеме од нив. Можеме да живееме во општество без шефови, господари, политичари и бирократи; во општество без судии, полиција и криминалци, без богати и сиромашни; во општество без сексизам, хомофобија и трансфобија; во општество во кое раните од вековното поробување, колонијализам и геноцид најпосле можат да се залачат. Единствено нешто што не спречува се затворите, програмирањето и платите кои ги добиваме од моќниците, како и недостатокот на верба во самите себе.

Секако, анархистите не мора да бидат крути прагматици. Ако некогаш здобиеме слобода за управување со сопствените животи, веројатно ќе смислиме сосема нови пристапи за организација која ќе ги усовршува веќе испробаните и сигурни модели. Поради тоа, нека овие приказни бидат почеток, и предизвик.

 

 

Извор: fenomeni.me

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.