Анархијата е можна (2) – Слободата мора да се земе

Што е всушност анархизам?

Напиашани се томови со цел да се добие одговор на ова прашање и милиони луѓе ги посветиле своите животи на создавање, ширење, дефинирање и борба за анархијата. Постојат безброј појдовни точки и патишта до анархизмот: работниците во Европа во 19 – тиот век кои веруваат во себе, а не во идеологијата на авторитарни политички партии, во броба против капитализмот; сојузничките народи во броба против колонизацијата за враќање на традицијата, егалитарната култура; средношколците кои ја освестуваат длабочината на сопственото отуѓување и незадоволство; кинеските мистици пред илјада години или европските пред петстотини години, таоистите и анабаптистите во борба против власта и организираната религија; жените во бунтот против авторитарноста и сексизмот на левицата. Нема Централен комитет кој издава членски книшки и единствени доктрини. Анархијата на различни луѓе значи различни работи. Сепак, постојат некои основни принципи околу кои најголем дел од анархистите се сложуваат.

Автономија и хоризонталност

Сите луѓе заслужуваат слобода за дефинирање и организирање според сопсвени услови. Структурите за донесување одлуки би требало да бидат хоризонатални, а не вертикални, со цел никој да не доминира над никого; треба да се негува моќта за слободно делување, а не моќта над другите. Анархизмот се противи на сите присилни хиерархии, вклучувајќи го и капитализмот, државата, превласта на белата раса и патријархатот. 

Взаемна помош

Луѓето би требало доброволно да си помагаат; врската на солидарност и дарежливост се поцврсти општествени линкови отколку стравот од законот, границите, затворите и војската. Взаемната помош не е облик на милостина или размери со еднаква вредност; и оној кој дава и оној кој прима се еднакви во меѓусебната размена. Со оглед дека ниту еден нема моќ над другиот, ја зголемуваат својата колективна моќ создавајќи можност за заедничка соработка. 

Доброволно здружување

Луѓето треба да бидат во можност да соработуваат со оној кој сакаат, на начин на кој мислат дека треба; исто така треба да бидат во можност да го одбијат односот или договорот кој не им е во интерес. Сите би требало да имаат можност за слободно движење, како физички, така и општествено. Анархистите се противат на границите од секој вид и присилните категоризации во однос на државјанството, родот или расата. 

Директна акција

Повеќе зајакнува и поефикасно е да се остварат целите директно отколку да се потпираш на власта и застапниците. Слободните луѓе неги бараат промените кои сакаат да ги видат во светот – тие ги остваруваат.

Револуција

Денешниот втемелени склопови на репресија не можат да се тргнат со реформи. Реформите ги спроведуваат оние кои се на позиција на моќ во хиерархискиот склоп, и тие прават така да ја задржат или дури зголемат сопствената моќ. Склоповите како што е капитализмот и доминацијата на белата раса се облици на војни кои ги водат елитите; анархистичката револуција значи броба за тргање на тие елити за да би се создало слободно општество.

Самоослободување

Стариот слоган гласи “Ослободувањето на работниците е должност на самите работници”. Тоа може да се примени и на другите групации – луѓето мораат да бидат предводници на сопственото ослободување. Слободата не може да биде дадена – таа мора да се земе. 

 

 

Извор: fenomeni.me

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.