Анализа на МОЈОТГРАД: Најмизерно и најдепресивно се живее во Кавадарци!

Кавадарци еден од најдепресивните градови во Македонија

Кавадарци е општина во внатрешноста на Македонија која има најмизерни услови за живеење ако се споредат можностите за работа во земјоделието, приватниот сектор и странските инвестиции.

МОЈОТГРАД направи истражување за условите за живот надвор од “СКОПЈЕ 2014” за едно просечно македонско работничко семејство, кои подразбираат сигурна работа, станбено прашање, животна заштеда и полнење на фрижидерот со сите потребни намирници, како ајвар, лутеница, толчен пинџур и други јадења од пиперки.

И додека според последните светски истражувања Скопје е прогласен за најмизерен град во Европа, според нашите показатели и калкулатори, убедливо најмизерно и најдепресивно во Македонија се живее (не)токму во Кавадарци. Ова особено е случај откако таму се отворија неколку странски “инвестиции” во Македонија, од кои најзначајна е „Дрекcлермаер“. Градот кој порано беше познат по грозјето кое имаше однапред испланиран откуп и високи цени со редовно исплаќање од страна на винариите, полека станува град на духови, робови по фабричките погони, на депресивни лица и пензионери.

kavadarci-depresija

Поради штрајкот на работниците  во мај, 2014, во „Дрекслмаер“ во Кавадарци, поради несиплатени, а ветени празнични дневници,  околу шеесет луѓе останаа без работа. Дејан од Велес е еден од похрабрите кој реши јавно да проговори за проблемот со кој се соочил.

[su_quote cite=”Дејан, поранешен работник во ‘Декслмаер'”]Вечерта кај 21 часот бев повикан од мојата претпоставена што ми е “формен“ на линија,  да се качам во човечки ресурси горе. Отидов таму  и ми  рекоа дека многу им е жал бидејќи  морале да ме известат  дека сум испуште од работа.   Ми го дадоа отказното решение, да се потпишам ме тераа.  Им реков дека не се потпишувам  додека не ми образложат зошто сум избркан од работа. Ми рекоа поради штрајк во фабриката и затоа ќе си одиш од работната позиција. Јас отпочеток не го потпишав отказот. Побарав да го прочитам прво, за  да знам што потпишувам.  Откако го прочитав го  потпишав отказното решение како што треба . Ми викнаа потоа обезбедување. Од почетокот на штрајкот некаде околу 60 луѓе се избркани од Дрекслмаер, странската инвестиција на господинот Никола Груевски. Јас сум член во ВМРО-ДПМНЕ од 1994 година, активен до ден денеска .  Странска инвестиција со 7, 8 или 9 илјади денари плата не е странска инвестиција.  Нека види Гриуевски како не бркаат од работа за штрајк преку  кој си ги бараам нашите права.[/su_quote]

drekslaer-otkazi
Кавадарчани велат дека промената на комплетната состојба во градот се чувствува на секој чекор. Извршителите секојдневно им дишат во врат, за заостанат долг од 100 денари од режимот се принуени преку извршители да плаќаат и по 10.000 денари, состојбата во здравството е катастрофална, секојдневно на бандерите во централното градско подрачје се закачуваат некролози од млади кавадарчани.

Станбената состојба на кавадарчани е прашање кое ги тишти цела денеција. Со екстремно ниските плати а големите давачки за изградба на куќа или купување на стан, младите и до својата 40-та година живеат со своите родители, чекаат од нив помош за плаќање на сметките за струја, вода и слично и со нетрпение чекаат да родителите ја земат пензијата како би можеле покрај пиперки во фрижидер да стават и малку месо.

prazen-frizider

Голем број од младите работоспособни кавадарчани се отселиле последниот период. Од тие причини дел од странските инквизиции и инвестиции се принудени да носат работна сила од соседните општини како, Неготино, Прилеп, Росоман, Велес…

Кавадарци и Македонија годинава повторно ќе бидат рекордери по смртност  на новороденчиња. Иако статистичките податоци за годинава се уште не се изготвени, стручњаците предвидуваат дека  смртноста на доенчињата годинава најверојатно ќе достигне рекордни 11 промили на 1000 родени деца, што е највисок просек досега..  Последното тромесечје во државата починале 90 новороденчиња, што за разлика од минатата година е за два и пол пати повеќе.

Иако 90% од граѓаните на општина Кавадарци живеат во тешки, мачни и мизерни услови на едвај преживување, сепак има и мал процент кои можат да си дозволат раскош, луксузни автомобили, неколку станови, куќи и викендици. За да поседувате такво нешто треба буквално да работите 24/7, да оставите здравје за да го постигнете сето тоа, да жртвувате фамилија и пријатели, да бидете паметен и добар стратег и менаџер. Тоа преку ноќ не се постигнува. Но може и само да се врзете како партиско црево, да редите општински и државни тендери, да грабите милиони од џебот на граѓаните, да обезвреднувате општински и државен имот и притоа за без пари да го купите. Тоа драги читатели, се постигнува преку ноќ.

kavadarci-mercedes

Leave a Reply

Your email address will not be published.