АНАБЕЛА

И додека надвор ноќта се претвараше во длабока темнина, и лаежот на уличните кучиња видно ме вознемируваше, јас сеуште го чувствував мирисот на твоето тело, кој се ширеше по мојата перница и кој беше длабоко навлезен во моите ноздри. Бев пресреќен што сеуште те чувствував, те имав во мојата потсвест, живеев секојдневно со тебе и во тебе. Се сетив на твојот фантастично топол, мил, поглед кој неспоредливо личеше на двојно, дупло виножито, она истото виножито кое заедно го гледавме петнаесетина минути додека бевме на одмор во Аргентина.

Сеуште се сеќавам како стоиш пред мене, пред морскиот бескрај кој се протегаше до недоглед, а јас страсно те набљудувам и не дозволував да те допре никаков бран на негативни вибрации, а камоли да се доближат и навлезат во тебе. И сама добро знаеш, колку се грижев за тебе. Сакав се да биде беспрекорно, чисто, исполнето со љубов.
Бев среќен додека бев во твое присувство. Имав целосна контрола над себе и верував во сето она што ги обликуваше моите мисли, бев сигурен и сеуште вљубен во тебе Анабела.

Јас сеуште, ти се радувам со истиот интензитет исто како да е првиот ден кога те сретнав на улица во Валенсија.
Твојата костенлива долга коса, долгите нозе, вклопени во медитеранскиот тен ме привлекоа уште од првиот миг кога пројдов покрај тебе. Кога ја почувствував твојата чиста енергија, твојот нежен суптилен парфем, нанесен на твојата кожа и тенкиот бел проѕирен фустан, за првпат во животот ми затрепери телото, потполно се збунив и знаев дека тоа не никаква случајност на нештата!
Се радував на блескавиот миг што го доживеав. Мислата за тебе ме однесе далеку од тоа место, од тој град, од единствениот кадар кој никогаш повторно нема да се реанимира.
Мислите моментално ме натераа да размислувам; за настанокот на човештвото, за целината, за привлечноста, за животот, за нештата од кои сме создадени ние и од што потекнувавме јас и ти ?
Во тој момент, си поставив безброј прашања…
Беше невозможно да пронајдам соодветни одговори за целокупниот опус кој ми помина низ глава со брзина на светлината. Нивната комплексност, неодреденост, прагматичност ми создаваа дополнителна пречка за нивно решавање. Па, зедов бел лист хартија и запишав:
– Зошто сме овде? Зошто сме единствениот вид на планетава кој размислува? Која ни е целта? Кон што се стремиме? Дали нашата функционалност е базирана на традиционалноста и припитомувањето? Зошто светот е поделен, религиозен, крут, лицемерен, глупав, зависен, бесцелен ? Зошто?
Љубовта кон тебе ме натера да барам и да најдам одговори на најтешките , најконтроверзните прашања, коишто долги години ме измачуваа и ме прогонуваа.
Мојата љубов кон тебе остана чиста Анабела. Тоа го чувствував длабоко во мене. Се сеќаваш ли на земјотресот во Сантијаго ( Перу ), се сеќаваш ли на тие три дена пекол, се сеќаваш ли како преку нашите солзи и чувствителноста на нашите срца безрезервно спасувавме деца, старци, луѓе кои не ги познававме ?! Нашиот престој во Перу кој, иако не беше планиран за филантропски и пацифистички дела јас и ти преку љубовта кон другиот ја извршувавме нашата обврска. Љубовта беше таа која не однесе таму во тој момент и беше стварно прекрасно чувство да се биде покрај тебе!
Не ми беше грижа за ништо воопшто. Секое утро кога се будев, знаев дека насмевката ми е протегната низ целото лице. Така ми започнуваа и завршуваа деновите со тебе. Ти беше и светлината, и мракот, и денот и ноќта. Ти беше онаа која ме натера да ја разберам суштината на животот.

А јас, не успеав да исполнам ниту една твоја потреба. 
Немаше време за тоа. И двајцата бевме концентрирани повеќе на мојата професионалност. Но, јас не жалам за ништо што ние двајца одживеавме заедно. Се гордеам сеуште, со секој наш заеднички подвиг, со секоја заедничка превземена акција.
Поттикот кој меѓусебно си го пренесувавме еден на друг и мислата од која произлегуваше нашата заедничка идеологија за сите оние нешта кои, не не опкружуваа како; детерминираноста, конструктивноста, прогресијата..
Некои конкретни нешта во животот не се забораваат лесно! Невозможно е да ги избришеш од процесуалниот дел на мозокот.
Колку и да сакаш да ги отргнеш мислите од нешто што, си го одживеал, од нешто што го има запечатено својот траг, белег на тебе и на твојата личност. Тоа си го носиш длабоко во себе, се до крајот на твојот живот.
Така ми е и мене….сеуште мислам на тебе Анабела. Со сиот оној плам кој љубовта го создаде и го всади во мене. Потребна си ми повеќе од кога и да било. Ми гори душава по тебе и по твоите нежни усни.
Потребна си ми како недделива форма од постоењето, реалноста.
Очиве мои, во солзи потонуваат со секое изгревање и заоѓање на месечината, а кога е полна не ја поднесувам и неможам да излезам од дома.

Тие неколку дена на полна месечина лежам во кревет, не се туширам и буквално живеам во немир. Единствена утеха гледам во зраците кои меко, благо застануваа и се оцртуваа на твоето лице. Сеуште ја имам фотографијата за тебе и црвените, топли, ракавици кои ти ми ги поклони за дочекот на новата 1998 година.
Анабела..не постои време, кое што може да го изброи мојот копнеж по тебе. Не постои ниту таква силна желба, со која сакам да ти го возвратам сето она што ти мене ми го даде.
А, тебе те нема повеќе! Не можеш ниту да ме чуеш, ниту пак да застанеш исправена над мене како ангел. Би сакал повторно да го почувствувам мирисот на твоето тело, блажината на твојата кожа…
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.