Американкиот синдикат за образование со подршка за СОНК

Официјална подршка за најавениот штрајк пристигна и од Синдикатот за образование на САД кој брои 1,6 милиони членови. Во писмото испратено до СОНК, Др. Лорета Џонсон, секретар на американскиот синдикат наведува:

“Драг Претседателе Неделков,

Во име на сите 1.6 милиони членови на Синдикатот за образование на САД, сакаме да изразиме поддршка за членството и лидерството на СОНК во спротиставувањето на промените во државниот Закон за основно и средно образование кои ефективно го поништуваат правото на штрајк. Овие промени, кои од директорите на училиштата бараат смена на работниците кои штрајкуваат, директно ја прекршуваат Конвенцијата бр. 87 на Меѓународната организација на трудот односно „Слободата на право на организирање и заштита на правото на организирање“.

Повеќе од дваесет години, Македонија е потписник на овој стандард од суштинско значење. Обидот на владата да ја заобиколи оваа основна обврска кон нејзините граѓани е неверојатен. Ви се придружуваме во Вашиот повик до Владата за отповикување на оваа незаконска мерка, и повторно враќање кон фер преговори како дел од социјалниот дијалог. Вашиот Устав јасно нагласува „Член 38: Правото на штрајк е гарантирано“.

Синдикатот за образование на САД е горд што соработува со СОНК повеќе од десет години. Ќе продолжиме со нашата поддршка во борбата за тоа што е правилно за наставниците, учениците и нивните заедници како и за државата.”

Советот на СОНК на 14 спетември едногласно донесе одлука за генерален штрајк а ги донесе и одлуките за штрајк во дејностите: заштита на деца, основно образование, средно образование и култура, со кои е одлучено штрајкот да започне на 29-09-2014 год. и истата е з а д о л ж и т е л н а за сите членови на СОНК во овие дејности.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.