ФБИ: Конгресот внимателно да размисли пред ограничување на следењето на телекомуникациите

Малер пред Комисијата за правда на Сенатот истакана дека програмата за снимање на телефонските разговори помогнала за откривање меѓу 10 и 12 терористички заговори. Според него, комуникациските способности на терористите се нивната најслаба алка.

– Ако сакаме да ги спречиме терористичките напади ние треба да ги познаваме и проникнеме во нивните комуникации, изјави Малер.
Директорот на ФБИ, меѓу другото изјави дека американските власти користат беспилотни летала за набљудување на територијата на земјата во одредени ситуации.
ФБИ подоцна објави сооопштение во кое се наведува дека беспилотните летала се користат за следење на неподвижни објекти и набљудување сериозни ризици за избегнување опасни ситуации на безбедносните служби.
Минатиот месец претседателот на САД Барак Обама застана во одбрана на употребата на беспилотните летала во странство.
Сепак, тој увери дека САД никогаш нема да користат беспилотни летала опремени со оружје на американска територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.