(ВИДЕО) Гаф на Си-Ен-Ен: Американците ја споија цела Украина со Русија!

При известување на информативниот канал „CNN“ Украина е означена како дел од Русија, односно биле обоени во иста боја, додека руското знаме се вее низ Украина, под наслов „Дипломатска и воена криза“.
При известувањето се издвоени трите најголеми кризи со кои се соочуваат европските лидери: Исламската држава, грчкиот долг и она што водителот Џон Ваус го истакнал „Руската инвазија на истокот во Украина“.
Како илустрација за неговите зборови е прикажана мапата на Украина и нејзините соседи.
Како што знаеме, оваа не е прв пат „CNN“ да направи таква несмасна грешка во известувањето за Украина. Минатата недела изјавиле дека Украинската војска и национална гарда ја нарекле „проамеричка војска“ во извештајот и дека Вашингтон им нуди смртоностно оружје на Украинците.
Каналот се извинил поради таквата груба грешка, како што некои критичари ја нарекле „фројдовски лапсуз“.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.