Голготата на с.Пепелиште, амбуланта има лекар нема
Дел од селаните што ги затекнавме во дворовите, велат дека заради ова имаат многу тешкотии , често им е загрозено и здравјето , а некому и животот.
Револтирани се затоа што никој не презема ништо да се реши прблемот, а велат , не е лесно да се патува кога си болен, а особено е тешко за луѓето кои се неподвижни.За сите здравствени проблеми тие мора да одат до амбулантите во Неготино.
Овие луѓе велат дека сите добро ја знаат нивната состојба, досега повеќе пати барале помош од општината,но попусто. Сега очекуваат веднаш да реагира. Тие раскажуваат дека во изминативе месеци поради санација на оштетениот мост нареката Вардар дополнително се малтретирале кога патувале по заобиколен и неасфалтиран пат,а за да стасаат до амбулантите и болницата во Неготино минувале и по 25 км.
Извор Телма