Амбасадата на САД загрижена за пресудата на Кежаровски

,,Амбасадата не коментира за тековните судски случаи. Сепак, наша конзистентна политика е поддршка на Македонија во евро-атлантските аспирации. Двете примарни цели на било која земја со евро-атлантски аспирации се почитување на владеењето на правото, односно непристрасна примена на законот, како и постоењето на слободни и независни медиуми. Ние продолжуваме со ангажманот во спроведувањето на законот во Македонија, како и судството во поглед на нашата заедничка цел на зајакнување на владеењето на правото, и обезбедување на слободни и независни медиуми. Овој случај покрена загриженост во врска со двете од овие прашања, и затоа ние одблиску ќе ги следеме настаните со што би продолжиле да ја поддржуваме Македонија на патот кон евро-атлантската интеграција,, – е ставот на амбасадата на САД во Скопје на прашање на НОВА како ја коментира пресудата за новинарот Томислав Кежаровски.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.