Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

Заклучокот бил дека алкохолот носи најголем ризик од смрт од сите испитани супстанци, а веднаш зад него биле хероинот, кокаинот и тутунот. На дното на листата била марихуаната со приближно 114 пати помала опасност од алкохолот. Истражувачите ги направиле овие пресметки според смртоносната доза од одредена супстанца споредена со дозата која ја користи просечен корисник. Овие резултати сепак не значат дека користењето на марихуаната е безопасно. Веќе пишувавме за тоа како таа влијае на мозокот, а покрај тоа придонесува и за намалено либидо.
Инаку оваа студија не била изработена за да истакне дека марихуаната е помалку опасна од други супстанци, туку да покаже колку се потценува штетното влијание на алкохолот. Претставено на дијаграм, тоа изгледа како на следната слика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.