„Алфите“ во мај привеле 346 лица

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 51 лице, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд 29 лица, под сомнение за извршено кривично дело 70 лица, а за извршено кривично дело 24 лица. На лице место во вршење кривично дело се фатени и приведени 10 лица, за издржување казна затвор – петмина, за утврдување идентитет – едно лице, 10 лица странски државјани со нерегулиран престој и шест лица за држење недозволени предмети.

За нарушување на јавниот ред и мир приведени се 53 лица, за поседување оружје 3 лица, а за поседување опојни дроги 57 лица.

Алфите асистирале при вршење претрес и на 28 домови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.