Алармите на Милчин

Ефектите од алармите на Милчин или ФООМ изгледа се послаби од промоциите, настапите, ставовите или како сакате на семакедонецот Петров.Не зборам за јачината на звукот,туку за колку слуша нашето уво.Поточно колку сака да слушне.

Првите повикуваат на будност и наместо да удираат во мозок се треснати од земја(како часовник или будилник) зошто го расипуваат денот,додека вторите се претвораат во своја спротивност. Наместо будност носат дремка, лежерност која величи и не прави најсилни на светот без да знаеме од кое тело блика енергијата, сегашното постојното или патешното неоформеното, нероденото неоствареното, нестварното, недостижното така како што го сакаме.Сепак сме некако посигурни со понудата која не е иста со алармите.

Алармите се обид да се застане на земја, промоциите на добар пат да се тресне на земја.Сопствениците на алармите кои не се домашни се исто компромитираат без да се знае целта ( се уценуваат за челното место или пак треба да поработат ножици заради неприпадноста кон никого ?!).Да се припаѓа на нешто , што и не е политичка партија и да не се дава отворена подршка на слепо изгледа е грев кој донесе барања, слични на лустрацијата.Барање за непризнавање.Дистанца од различните вредности.А како да се делат вредности со спротивни вреднобранители .Тоа купче , не бива купче.Се растура како песок .Кој е виновен ? Не би рекол дека најмногу е оној кој за своите мисии и добива по нешто.За таквите се наоѓаат и државни места и признанија.

Се разбира, спаринг партнерството е врвот на нивното политичко опстојување, не заради нив, туку заради оние кои треба да бидат или изгледаат поумерени.Ги признаваат, ама не ги признаваат.Самопослуга како што сакаат да направат и од Фондацијата, Милчин, малкуте граѓански и вистински активисти и вистински опозиционери кои можат до душа да се најдат и кај оној кој се нарекол опозиција.Дури им се лутат што не биле ”на линија”.Која линија? На Петров, на ”нашиот мал доктор и идеолог” Политико, на СДСМ? Наши се ,ама не се наши.

Зошто да се акаме по нив , кога се со нас е нивниот слоган кој се ниша како лулашка од која се треснува на земја.Знак на еднаквост.Паметен, помалку паметен, тотална будала, за никаде или олош.Топтан во победа.Надежта, или заблудата дека друг ќе излезе лепрозен, распукана тиква фрлена од тераса, крст или слични височини умира последна.Вредностите од алармите важат за сите.Ако судбината на државата зависи од алармите дека сега сметаат , нека биде.Може и да не не потсетуваат, нека не орасположат, но борбата без нив е тешка.За Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.