Ако се зависи од Груевски, што зависи од СДСМ?!

пишува Бранко Тричковски

Три пати Шилегов повторува дека од Груевски зависи дали Македонија ќе оди по европскиот пат или ќе го избере патот на Беларусија. Јас знам што сака да каже човекот, но тоа е така глупаво и наивно во исто време, зашто, уствари, кажува дека од СДСМ не зависи ништо!

Ние знаеме дека се зависи од Груевски, не ни е потребен Шилегов да ни открива што се зависи од Груевски, нашата несреќа, нашата трагедија и нашата борба произлегуваaт од тоа што оставивме се да зависи од тоа шаткасто сувоземно чудовиште што работи на чипирани ганглии, нас не интересира што сдсм прави тоа да не е така, а од излагањето на Шилегов и од многу други истапувања, може да се заклучи дека не прави ништо.

Добро, прави трибини, добива визии какви што добиваат луѓето во Источна Македонија кои потоа врз основа на нив ѕидаат параклиси и други чуда по разноразни вукојебини, но тука се прашуваме за промената на општата, драматично лоша ситуација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.