“АЈДЕ!” го поддржува маршот на гордоста и достоинството

Ајде! – Платформата за граѓанска политика го поддржува и му се приклучува на утрешниот Марш на гордоста и достоинството, кој сака да ја потсети јавноста и актуелната власт на сите неправди кои институциите на системот ѝ ги нанесуваат на ромската заедница во Република Македонија.

Генералната порака на овој марш, како и на иницијаторот „Романи Авази“ е потребата да се вложат сите напори за подобрување на животот на Ромите во држвата.

Ајде! го повикува своето членство, поддржувачите, но и сите граѓанки и граѓани да му се приклучат на „Маршот на гордоста и достоинството“, кој ќе се одржи на утре (среда), на 8 април 2015, во 12.30 часот, пред зградата на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.