„Ајде“ денес „сечи лента“ на оградите на Владата

Дојдете сите да „пресечеме лента“ на оградите на Владата, ама за да ви биде издадена потврда за влез треба да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги, порачува платформата „Ајде“ во сатиричниот повик за денешното собирање пред Владата на Република Македонија, кога ќе се упатат критики за најновиот потег на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Почитувани сестри и браќа,
Ве известуваме дека денес (сабота), 12 септември, 2015 година, со почеток во 13 часот, ќе имате можност да присуствувате на спектакуларното сечење лента на новата ограда на Владата на Република Македонија.
За да учествувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги.
Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда!
АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!
Македонија оградена и вечна!
За Македонија напреТ! Важно се (о)гради!“, се вели во козерискиот повик потпишан со „О.К. Миле ми текна од Прилеп“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.