Ахмети, Тачи, Османи и Георгиевски биле следени од Мијалков

Во нелегалното прислушкување со кое биле опфатени околу 26.000 луѓе во изминативе четири години, УБК го прислушкувала и Али Ахмети, лидерот на ДУИ, еден од коалициските партнери во владата, но и Мендух Тачи, лидерот на опозициската ДПА, како и Руфи Османи кога бил лидер на НДП, како и лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, соопшти на прес-конференцијата Заев.

Тој претходно кажа дека налог на Мијалков се прислушкувани и Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

Извор ПЛУСИНФО

Leave a Reply

Your email address will not be published.