Аха, пробиен системот на сигурни гласачи на ВМРО–ДПМНЕ

Списокот е од пред еден месец и се однесува на сигурните гласачи од Кадино, Бујковци, Илинден, Мралино, Бучинци и Мршевци.

Документот што беше испратен до нашата редакција е од републичкиот изборен штаб на ВМРО – ДПМНЕ.

Со ова се разбива и фамата за недопирливоста и сигурноста на ВМРО – ДПМНЕ. Се бара и посебен список за вработените во државната администрација, кои работно место добиле од ВМРО-ДПМНЕ. Таргет група се неопределените, за нив се бара што и каде работат за да се искомуницира со нив.

Има точна евиденција кој и каде работи и кој за кои места и лица е задолжен за обработка и привлекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.