(ВИДЕО) Администрацијата “извозена” како никогаш досега

Интересно е дека речиси секоја година, Владата во Буџетот проектира покачување на платите, но кон крајот на годината, со измени на законот за плати, го одложува покачувањето за наредната година.Токму премиерот кој неодамна на административците им одржа лекција по етика и им ги презентира своите заповеди, е оној што умешно ги добива нивните гласови на изборите, постојано и постојано ветувајќи им дека од в година ќе земат поголеми плати.

Ова е неговото ветување во јануари 2012, непосредно по победата на изборите, изјава во која зборува дека нема да се отстапи од ветувањето за зголемување на платите на администрацијата.

ЛИНК кон изјавата: http://www.sitel.com.mk/mk/vladata-ostanuva-na-vetuvanjata-za-zgolemuvanje-na-platite-i-penziite-0

Покачување не се случи, со оглед дека по само неколку месеци, во септември, најавувајќи расчистување на долговите кон стопанството тој пред членовите на Стопанската Комора своето ветување го одложи за декември 2013 поради должничката криза.

Но, дека ниту тоа не е така потврди барањето на Владата, покачувањето да биде пролонгирано а Груевски сега ветува дека ќе има покачување, но од октомври наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.