Каде живеат најсреќните, а каде најнесреќните луѓе на светот?

Катар е најбогатата држава на светот, па сепак таму не живеат најсреќните луѓе.
Во Јапонија имаат најдолг очекуван животен век но ни таму не се најсреќни.
Во Канада имаат најголем процент факултетски образовани, ама ниту Канаѓаните не се меѓу 10 најсреќни на светот.
Новата Галупова анкета со 150.000 испитаници ширум светот покажа дека луѓе со најпозитивен став на светот живеат во седум латиноамерикански држави.
Во повеќето од овие 7 земји повеќето (не)упатени луѓе не би сакале ни да стапнат. На пример, граѓаните на Гватемала се исклучително среќни и позитивни иако земјата беше растргната со годините на граѓанската војна, бандите на криминалци и најголемата стапка на убиства во светот.

Најсреќни држави:
Панама 85
Парагвај 85
Ел Салвадор 84
Венецуела 84
Тринидад и Тобаго 83
Тајланд 83
Гватемала 82
Филипини 82
Еквадор 81
Косата Рика 81
Најнесреќни земји:
Сингапур 46
Арменија 49
Ирак 50
Грузија 52
Јемен 52
Србија 52
Белорусија 53
Литванија 54
Мадагаскар 54
Афганистан 55
Азербејџан 55
Хаити 55
Того 55
Македонија 55

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.