95 тиот роденден на Нелсон Мандела се слави

Роденденот на Мандела ќе биде одбележан со 67 минути добротворност за неговата 67 години посветена работа, а милиони ученици од Јужна Африка ќе му испеат и песна.
Денешниот ден, инаку е прогласен како Ден на Мандела и е признат од Обединетите нации, а од 2009-та се одбележува како настан што ги охрабрува луѓето да направат нешто добро за човештвото.
Симболот во борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела се наоѓа во болница во Преторија од 8 јуни поради белодробна инфекција. Во еден момент состојбата му се влоши и тој беше ставен на апарати за вештачко дишење. Лекарите ја оценија неговата здравствена состојба како многу критична, но стабилна.
„Нелсон Мандела останува во болница, но неговата здравствена состојба се подобрува“. Ова денеска го изјави претседателот на Јужна Африка Зума. Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел испратија порака со желби до поранешниот јужноафрикански претседател.

Leave a Reply

Your email address will not be published.