Работнички загуби и од Балкан (83-80)

По убедливиот неуспех на дуелот со Левски, Емил Рајковиќ и неговите избраници прикажаа далеку подобра игра на вчерашната пресметка во Ботевград, против екипата каде тренер е поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Александар Тодоров.

 

Работнички беше тимот што ја контролираше играта и резултатот во првото полувреме, па македонскиот состав замина на одмор со предност од 38-44. Во овој период беспрекорно функционираше шутот од далечина на Работнички, со оглед на фактот дека македонскиот прволигаш реализираше осум тројки од единаесет обиди, од кои Александар Димитровски беше прецизен четири пати.

 

Балкан ја консолидираше играта во второто полувреме и експресно го сврте резултатот во своја корист, но Работнички покажа карактер и успеа да се врати, одново поведувајќи со 59-60. Во четвртата четвртина можеше да се проследи неизвесен дуел се до последните неколку минути, кога Балкан успеа да се одлепи, а потоа и да ја задржи предноста се до самиот крај, славејќи со конелни 83-80.


Дарко Соколов со 14 поени беше најпрецизен во таборот на Работнички, додека по дванаесет поени на овој дуел реализираа Симоновски, Кнежевиќ и Димитровски.

 

Превземено од Екипа.МК

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.