4 000 000 денари им должи општина Кавадарци на граѓаните кои ги спроведуваа локалните избори во март

И покрај донесената одлука за надоместок на членовите на општинската изборна комисија, и избирачките одбори за спроведување на локалните избори 2013 година за избор на советот и за избор на градоначалник на општина Кавадарци, долгот на општината сеуште “виси”.

Членот 1 од оваа одлука вели дека утврдува исплатата на единствен износ на надоместокот за извршена работа во подготовка и спроведување на локалните избори 2013 година, од страна на општинската изборна комисија (ОИК Кавадарци) и избирачките одбори на општина Кавадарци (ИО Кавадарци).

Колку изнесува единствениот надоместок за сите членови, добро и прецизно е објаснето во членот 2:

  • – На претседателот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 40.000 денари
  • – На заменик претседателот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 35.000 денари
  • – На секретарот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 35.000 денари
  • – На членот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 30.000 денари
  • – На заменик секретарот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 17.500 денари
  • – На заменик членот на ОИК Кавадарци му се определува надоместок во висина од 15.000 денари

До денес, ниту еден од горенавдените членови на било кој орган нема добиено ниту денар од овие единствени износи на својата сметка за работата која ја имале на денот на изборите.

Загрижувачки е фактот што и кај членовите на избирачките одбори ситуацијата е иста, дури и позагрижувачка ако се земе во предвид дека токму овде беа сконцентрирани најголемиот број на граѓани кои ги мониторираа локалните избори 2013.

Според членот 3 од законот за локална самоуправа, општина Кавадарци е должна да му исплати и единствен паричен износ и на претседателите, нивните заменици, членовите и нивните заменици од избирачките одбори.Според одлуката:

  • – На претседателот на ИО Кавадарци му се доделува надоместок во висина од 3.000 денари
  • – На зам.претседателот на ИО Кавадарци му се доделува надоместок во висина од 2.500 денари
  • – На член на ИО Кавадарци му се доделува надоместок во висина од 2.000 денари
  • – На заменик член на ИО Кавадарци му се доделува надоместок во висина од 2.000 денари

Многу важно е да се напомене дека горенаведените надоместоци се однесуваат само за еден изборен круг. А во општина Кавадарци ги имаше два. Значи сите членови кои учествувале во изборниот циклус требало да им се исплати истиот надомест во два наврати.

Сите средства наменети за исплата на надоместоците се обезбедуваат од буџетот на општина Кавадарци и се трансферираат на посебна наменска сметка.
Инаку оваа одлука стапува на сила на осмиот ден од денот на објавувањето на “Службен Гласник на Општина Кавадарци”. А тој рок е пробиен одамна, многу одамна.

Ова е класичен пример дека оваа држава за некои граѓани е мајка а за некои маќеа.Токму оние кои треба да бидат пример за спроведување на законските нормативи, се и најголемите “кршачи” на законот. Граѓаните на општина Кавадарци треба сериозно да се подзамислат и да прашат “Каде завршија овие 70 000 евра? Во чии џебови?” Сигурно не во нивните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.