70 години од смртта на 12-те ваташки другари

 Младинците беа стрелани од бугарските окупаторски војници.

Повеќе делегации положија цвеќе, меѓу кои роднини на стреланите, градоначалникот на Кавадарци, претставници на општина Кавадарци и урбаната заедница Ваташа, претставници на борците и политичките партии, претставници на навивачката група „Лозари“ и Здружението на моторџии „Ноќни волци“.

Пред присутните во Моклиште се обрати генералот во пензија Тодор Атанасовски, претседател на боречката организација во Македонија.

– По стрелањето на 12 ваташки младинци, следуваа убиствата на Димката Ангелов Габерот, Ило Виларов, Блаже Тодоровски Чичето, како и други македонски борци од овој крај. Тогашното бугарско воено судство изрече 1.540 смртни казни, 1.133 доживотни пресуди и 7.324 времени казни затвор. Настанот во Моклиште ја зави Македонија во црно, рече Атанасовски.

Пред споменикот беше изведена и богата културно-уметничка програма во чест на 12 младинци.  

 

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.