Советниците едногласни, по 6.000 денари за секое новороденче во Кавадарци

Напротив, после неколкуте гафови и лакрдии кои произлегоа од оваа просторија во изминатиот период, деновиве одекна една поприлично пријатна вест.

Имено, на последната (седма) седница на советот на општина Кавадарци, советниците едногласно го подржија предлогот од опозициската СДСМ за доделување на еднократна парична помош во износ од 6000 денари за секое новороденче во општина Кавадарци.Исто така, за родителите кои не се во работен однос оваа парична помош ќе изнесува 10 000 денари.

Оваа одлука на советот ќе стапи на сила веќе од првиот ден од 2014 година.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.