ФОКУС: Поглаварот Стефан има плата од 5.000 евра?!

Тоа се примањата на владиците во кои се вклучени редовните плати за митрополските обврски и хонорарите кои што има легнуваат на сметка.
Според Фокус, во црковните кругови се шпекулира дека платата на архиепископот е многу повисока!

Но, христијнската скромност не е пречка и кога станува збор за возниот парк на нашиот духовен клер. Комплетно се спремни да ги испратиме на Канскиот филмски фестивал… Во возниот парк на МПЦ, вели Фокус, се случува вистинско луксузно авто шоу… Ако во животот не сте виделе или ако христијанската скромност се сместила во вашите срца и не ви дозволила да си допуштите да си купите, тогаш теренски возила „гранд чироки“, „туарег“, „ленд крузер“, разни варијанти на „ауди“, „мерцедес“ „БМВ“… не мора да одите на Женевскиот автомобилски саем за да видите, туку можете тоа да го направите низ еперхите на МПЦ. Во оваа насока Фокус, открива дека луксузниот „мерцедес Р350“ на г.г. Стефан чини околу 100.000 илјади евра!

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.