За 6 години 500 специјалисти заминале од јавното здравство

Според резултатите од истражувањето на меѓународниот проект Хелтгрупер спроведено меѓу студенти на Медицинскиот факултет во Скопје во прва година, дури 60,6 отсто од нив „сакаат да се отселат од Македонија” по завршување на студиите, а 54,5 отсто би сакале да работат во приватно здравство. Претходно истражување покажа дека 57 отсто од лекарите имаат намера да заминат во странство. Дел од нив веќе заминаа во Кувајт, Обединети арапски емирати и Германија, а дел размислуваат и за заминување во Хрватска, каде по влезот во ЕУ почнува одлив на лекари во Германија, Велика Британија и во скандинавските земји, па многу места ќе останат празни.

Според неофицијални пресметки, државата губи по околу 100.000 евра за еден дипомиран лекар кој ќе замине од системот. Се губи и во квалитетот на здравствена заштита, бидејќи во странство најчесто заминуваат специјалисти, заклучува анализата на Дојче веле.

Leave a Reply

Your email address will not be published.