50.000 евра од џебот на кавадарчани за автомобил на локалната самоуправа???

 

Во период на најголемата сиромаштија со која се соочува македонското општество, без исклучоци, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, мега нејаснотиите во лозарските политики ја тиштат општина Кавадарци, новороденчиња и родилки умираат по болничките ходници, улици раскопани до недоглед, Кавадарци е една од трите општини со најзагеден воздух кој го дишат граѓаните, Кавадарци е убедливо водечки град во цела Европа по број на заболени од карцином по глава на жител…

И во моменти кога имате купишта за работа и занимавање со едни такви круцијални нерешени прашања и теми, на градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, му е огромен мерак да се вози со нов луксузен автомобил од 50.000 евра. Не од неговите ари, ами пари од општинскиот буџет, односно од џебот на граѓаните од општина Кавадарци. Овој предлог треба да се разгледува на наредната седница на совет на општина Кавадарци кога и најверојатно со помош на партиските “тастери” ке добие амин и зелено светло.

Со тоа ќе се наниже уште една “клоца по задникот” на жителите на општина Кавадарци кои очигледно навикнале да на секој шамар го вртат и другиот образ. 

Околу оваа тема јавноста накратко ја запозна советникот од опозицијата од советот на општина Кавадарци, Горан Белевски, кој на својот фејсбук профил ги запозна граѓаните за овој предлог кој ќе биде ставен на расправа на наредната седница на советот на општина Кавадарци која ќе се одржи на 19.02.2015 година. Да се надеваме дека глупости од ваков тип не поминуваат на каавдаречките седници на советот.

panov kola

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.